Ракометарите на Охрид одиграа одличен и борбен натпревар, но повторно беа поразени во дербито со Вардар.  Попладнево во Скопје Вардар го совлада Охрид 28:24, полувреме 13:12.

Извонреден на голот на Охрид кој и денеска беше ослабен со неиграње на неколкумина стандарди играчи, беше извонредниот голман Ѓорѓески кој мечот го заврши со 18 одбрани,  за жал недоволни за позитивен резултат.

Статистика ГРК Охрид: Ојлески 2, Матцуока, Јукиќ, Костов 1, Ристевски, Ристески 1, Тасески 4, Шафранко 3, Кукоски, Крстевски, Пешиќ 3, Кукуловски 2, Бојаниќ, Винисиус 5, Цирар 3, Ѓорѓески (18 одбрани).

Во следното коло кое на програмата е на 17 април Охрид на домашен терен го пречекува Алкалоид..

Г.М.

Фото: А. Момироска