Екипата на Алкалоид убедливо го совлада Охрид 28:36 во дерби натпреварот од 4 коло од плеј-офот во Супер лигата, што се одигра вечерва во салата „Билјанини извори“.
Гостите имаа водство во најголемиот дел од натпреварот и сосема заслужено ги освоија бодовите. Охрид беше рамноправен во првото полувреме во кое Ѓорѓески беше одличен на голот, но повторно “гладијаторите“ не го искористија добриот моментум на својот голман.
Второто полувреме Алкалоид го отвори со мини серија од два гола на што Охрид одговори со серија од 3:0. Домаќинот се обидуваше да ја стигне предноста на гостите кои откако го издржаа налетот на Охрид направија осетна разлика која до крајот само се зголемуваше.
Најефикасен кај Охрид беше Орјоникидзе со 6 гола, колку што на спротивната страна постигна Ѓорѓиев.
Статистика ГРК Охрид: Ојлески 2, Јукиќ 3, Костов, Ристевски (2 одбрани-, Тасески 3, Шафранко 4, Јотиќ 4, Кукоски, Крстевски, Пешиќ 2, Кукуловски, Орјоникидзе 6, Бојаниќ, Винисиус, Цирар 4, Ѓорѓески (8 одбрани).
Статистика РК Алкалоид: Кизиќ, Џонов 3, Маркоски 3, Младеновиќ, Серафимов 5, Карасманакис 3, Стојковиќ, Ѓорѓиев 6, Галевски 1, Велковски 1, Ивановски 2, Бинго 3, Франциско 4, Петковски 3, Митев 2, Савревски.
Во следното коло Охрид му гостува на Тиквеш во Кавадарци.
Г.М.
Фото: А. Момироска