Актуелниот шампион Вардар славеше над ГРК Охрид со 35:19, полувреме 14:08, во натпреварот од 9 коло од плеј-офот во Супер лигата.
Охрид на овој меч настапи со младинскиот погон надополнет со тројца поискусни играчи, поради важноста на претстојниот натпревар со Тиквеш кој „гладијаторите“ ќе го одиграат за неполни 48 часа.
Статистика:
РК Вардар: Манасков 5, Јагуриноски 2, Аларов, Моралес, Добрковиќ 3, Карапалевски 4, Томовски, Чувара, Лазаревски 5, Талевски, Фереира, Атанасовски 3, Стојановски 6, Ќосевски 4, Мишевски 3, Гогов.
7м. 1:0
Исклучувања: 0
ГРК Охрид: Малукоски, Н. Речскоски, Цејовиќ, Николовски, Кочоски 2, Димитриески 4, Цинцадѕе, Василевски, Н. Ристески 9, В. Наумоски 2, Вјештица 2.
7м. 6:3
Исклучувања: 0
Сите мисли на ГРК Охрид сега се свртени кон мечот со Тиквеш кој директно одлучува за 4 место на табелата кое води во Европа.
Натпреварот Охрид – Тиквеш се игра на 15 април, сабота, со почеток во 17:30 часот.
Г.М.
Фото: Архива Охридњуз
Крсте Андоновски во Спорт+: Пред ГРК Охрид е мечот на сезоната