Тимот на Металург, се врати на водечката позицијата од табелата во македонската ракометна елита, откако победи против Пролет (36-28) во заостанатиот натпревар од 12-та рунда во шампионатот.
„Металурзите“, полесно од очекувањата стигнаа до победата и трите бодови во дербито со кои повторно се искачија на врвот од суперлигашката табела. Охрид кој беше лидер неколку денови сега е второпласиран, но со константен притисок на лидерот.
Металург и Охрид на гостувањата кај Бутел Скопје односно Радовиш ќе бидат на вистински испит во претпоследната рунда од есенската полусезона во Супер лигата.
Резултати:
Металург – Пролет 36-28
Охрид – Пелистер 28-20
Струга – Радовиш 23-29
Металург 2 – Работнички 36-34
Бутел Скопје – Вардар Јуниор 28-20
Табела: Металург 32, Охрид 31, Бутел Скопје 28, Пролет 23, Радовиш 19, Вардар Јуниор 15, Пелистер 11, Металург 2 7, Работнички 4, Струга 4
Следна рунда: Работнички – Пролет, Радовиш – Охрид, Бутел Скопје – Металург, Вардар Јуниор – Струга, Пелистер – Металург 2
OhridNews
Фото: Гол.мк