Екипата на Металург го зграпчи последниот билет за пласман во европските натпреварувања следната сезона, откако во директната пресметка за позицијата број четири на табелата го совладаа Бутел Скопје со 36-35.
„Металурзите“ подобро се снајдоа во голедата и само за еден погодок повеќе стигнаа до победата. Металург со триумфот над Бутел Скопје ја заокружи одличната втора половина од плејофот и сосема заслужено се најде воп топ 4.
Во останатите мечеви Вардар со 28-22 славеше во дуелот со Пролет, а Еурофарм Пелистер со 31-23 беше подобар од Еурофарм Пелистер 2 во братската пресметката.
13-та рунда од плејофот во Супер лигата ќе се комплетира утре, со „Езерското“ дерби помеѓу Охрид и Струга.
- Резултати:
Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 31-23
Металург – Бутел Скопје 36-35
Пролет – Вардар 22-28
Охрид – Струга
OhridNews
Фото: 24ракомет