Во 12-та рунда од Супер лигата охридските ракометари ќе го пречекаат составот на Зомимак, кој нема ниту реми и пораз во досегашните мечеви од шампионатот.


Мечот се игра в сабота со почеток од 18:30 часот, а ќе го судат битолските интернационални судии Димитар Митрески и Благојче Тодоровски.

Судиската двојка која доаѓа од Битола го водеше натпреварот меѓу Охрид и Прилеп, на кој домаќините претрпеа пораз 23-20.

Мх.П.