Екипата на Макс Струмица и во вториот меч од плејофот забележа победа откако со 32-28 го совлада составот на Прилеп на домашен терен.
Макс Струмица го искористи далеку подобриот распоред на мечеви од охридските ракометари кои во првите два натпревари од плејофот се судрија со Вардар и Металург.
Многу нешта на табелата меѓу овие две екипи ќе зависат од меѓусебните пресметки кои ќе се одиграат во третата односно осмата рунда од плејофот.
Резултати: Макс Струмица – Прилеп 32-28, Металург – Охрид 30-23, Вардар – Работнички 38-26.
Табела: Вардар 6, Металург 6, Макс Струмица 6, Прилеп 0, Работнички 0, Охрид 0.
OhridNews