Кошаркарите на Куманово го освоија целиот плен во СРЦ „Билјанини Извори“ победувајќи го АВ Охрид со 96-90 (11-25, 24-15, 32-14, 29-36) во седмата рунда од Супер лигата.

Добриот почеток на натпреварот на „галебите“ им донесе двоцифрена предност по само три минути игра (14-4). Охриѓани за краток период поведоа и со 21-8, а на одмор заминаа со плус 14 (25-11).

На стартот од втората четвртина домаќините погодија за два и стигнаа до највисока предност од +16. На најголемата негатива кумановчани одговорија со 11-0 за 27-22. Разликата на семафорот варираше, но на крајот охриѓани на одмор заминаа со плус пет (40-35).

Кумановчани поентерски распукаа во третиот период, во кој постигна 32 поени, а примија само 14 за презамање на водството. Охриѓани влегоа во шемата од гостинскиот состав кој со поени од сите позиции ги казнуваа грешките.

Во последниот квартал домашните кошаркари ја спуштија по десет негативата и успеаја да дојдат до минус четири 89-85, но немаа сили за комплетен пресврт.

Со триумфот во Охрид екипата на Куманово и математички го обезбеди учеството во плејофот, додека „галебите“ ќе играат за место погоре во преостанатите три мечеви од Супер лигата.

Маестрален натпревар во составот на Куманово одигра Марјан Јанески кој постигна 24 кошеви, а 19 реализираше Никола Караколев. Во АВ Охрид најефикасен беше Рос Кенет со 29 поени, а Ахметбашиќ уфрли 22.

OhridNews