Последната 14-та рунда од плејофот во Супер лигата која на програмата е денеска ќе даде конечна разврска околу првакот во македонскиот ракометен шампионат.

Пол позицијата во решавачката битка помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер им припаѓа на „црвено црните“, кои поради подобриот скор во меѓусебниот дуел се првопласирани на табелата.

„Вардарци“ во последната рунда ќе ги одмерат силите со Металург додека битолчани на домашен терен го пречекуваат составот на Охрид. Избраниците на Стефче Алушовски се имаат во свои раце и со победа над Металург ќе освојат нова титула во Супер лигата. Еурофарм Пелистер мора да го совлада Охрид и да чека позитивни вести од „Јане Сандански“.

Интересно ќе биде и во плејаутот каде ќе се води битка за опстанок. Неколку екипи се борат за суперлигашки живот, а последната рунда ќе даде конечен расплет.

Сите мечеви од плејофот се играат во 19 часот, а натпреварит во плејаутот се утре на програмата.

OhridNews