Репрезентативната пауза во Супер лигата, ракометарите на Охрид ќе ја поминат на првата позиција од табелата по комплетирањето на осмата рунда.
Пелистер, неочекувано пред своите гледачи изгуби од составот на Металург 2 (32-31) и го загуби чекорот Охрид кој пак успешно го мина тестот во Скопје против составот на Пролет победувајќи (29-25).
Нови три бодови на табелата прокнижи и Еурофарм Работник кој на домашен терен го совлада составот на Вардар Јуниор.
Натпреварите од Супер лигата продолжуваат за две седмици, а Охрид со триумф над Радовиш ќе ја осигура титулата есенски шампион.
Резултати: Радовиш – Работнички 33-21, Прилеп – Борец 33-30, Пелистер – Металург 2 31-32, Пролет – Охрид 25-29, Еурофарм Работник – Вардар 30-24.
Табела: Охрид 19, Еурофарм Работник 16, Пелистер 16, Прилеп 15, Металург 2 14, Радовиш 13, Пролет 13, Борец 5, Вардар Јуниор 4, Работнички 0.
OhridNews