Охридскиот ракометен состав кој настапува во Супер лигата дуелот со Текстилец во шестата рунда ќе го одигра в сабота со почеток од 19:30 часот. Цената на билетите за влез е 30 денари.
Овој термин им донесе среќа на ракометарите на Охрид кои во драматичен натпревар го совладаа тимот на Куманово и ја забележаа втората победа сезонава.
Од клубот ја повикуваат охридската публика да дојде во што поголем број и да бидат одлучувачкиот играч на дуелот со штипјани.
Мх.П.