Ривалите во националниот шампионат Вардар и Металург ги освоија првите бодови на табелата победувајќи ги Охрид (30-21) односно Прилеп (32-27) во првата рунда од плејофот во Супер лигата.
„Црвено црните“ до победа во „Билјанини Извори“ стигнаа со доминатна игра во вториот дел додека Металург уште на стартот го демонстираше својот квалитет против Прилеп.
На победа во првата рунда од плејофот се радуваше и составот на Макс Струмица кој пред своите гледачи го совлада тимот на Работнички со 29-27.
Резултати: Охрид – Вардар 21-30, Прилеп – Металург 25-32, Макс Струмица – Работнички 29-27.
Табела: Вардар 3, Металург 3, Макс Струмица 3, Работнички 0, Прилеп 0, Охрид 0.
Двојки 2.коло: Металург – Охрид, Макс Струмица – Прилеп, Работнички – Вардар.
OhridNews