Охридските ракометари во осмата рунда од Супер лигата претрпеа пораз од Металург 2 25-22, но останатите резултати им одат во прилог на охриѓани кои не доживеаја голем пад на табелата.


По комплетирање на осмата рунда „гладијаторите“ се наоѓаат на четвртата позиција со 13 бодови, три помалку од Прилеп и пет од второпласираниот Металург 2 додека лидер е Зомимак со максимални осум победи.

Резултати : Металург 2 – Охрид  25-22, Зомимак М – Радовиш 32-25, Работнички – Пелистер 25-27, Прилеп – Тинекс Пролет 24-22, Преспа – Текстилец 46-14.

Табела : Зомимак 24, Металург 2 18, Прилеп 16, Охрид 13, Радовиш 12, Тинекс Пролет 12, Пелистер 9, Работнички 9, Преспа 6 и Текстилец 0.

Мх.П.