Ракометарите на Охрид во неизвесен натпревар загубија дома од фаворизираниот Еурофарм Пелистер во дерби средбата од 6то коло од Супер лигата, 25:27 (15:14).

“Гладијаторите” скапо ја продадоа кожата, држејќи ја неизвесноста во мечот се до последната шеесета минута, кога конечно беше скршен нивниот отпор.

Првото полувреме им припадна на охриѓани во секој сегмент од играта. Понесени од публиката и навивачката група “Рибари”, домашните ракометари го диктираа темпото. Во еден момент од мечот Охрид имаше +3, но Е. Пелистер во финишот фати приклучок за 15:14 за домаќинот на полувреме.

Второто полувреме, исто така, понуди одличен ракомет. Пелистерци ја консолидираа играта во одбрана, а по неколку неискористени напади на Охрид, битолчани го презедоа водството.

Охрид не се предаваше и постојано го бркаше водството на противникот. Подолгата клупа на гостите и неурамнотежениот критериум на судиите во клучните моменти значително го одредија исходот на средбата.

На 90 секунди до крајот Охрид се доближи на 1 разлика, но Пелистер успеа да го реализира последниот напад, кој го одлучи победникот за конечни 25:27.

За одличниот Охрид ова сезона, ова беше втор пораз. “Гладијаторите” со 12 бода остануваат во врвот на табелата во супер интересното првенство кое е на самиот почеток

Г.М.