Ракометарите на Охрид со минимални 23-22 го совладаа составот на Прилеп во дербито кое се одигра во 16-та рунда од Супер лигата.


Охриѓани одлично го отворија мечот и поведоа со 9-5, но домаќините возвратија и на одмор заминаа со позитива (15-11).

Домаќините продолжија со иста мера и во првите десет минути од вториот дел од дерби натпреварот.

Но, тогаш голманот Благојче Трајкоски со серија одбрани и Малик Хогас со неколку погодоци во низа го вратија Охрид во игра за поволен резултат.

„Гладијаторите“ не попуштија ниту во финишот кога имаа два ракометари помалку и заслужено ги освоија бодовите во Прилеп.


Резултати: Пелистер – Радовиш 33-25, Прилеп – Охрид 22-23, Тинекс Пролет – Работнички 22-23, Борец – Металург 24-29, Металург 2 – Вардар Јуниор 17-40.

Табела: Металург 48, Охрид 36, Работнички 33, Прилеп 30, Вардар Јуниор 21, Пелистер 18, Тинекс Пролет 18, Радовиш 18, Борец 16, Металург 2 1.

Фото: архива
OhridNews