Гладијаторите со победа стартуваа во продолжението на сезоната во ракометната Супер лига. Вечерва во Велес ГРК Охрид славеше над домаќинот РК Бисинов Фруит Ленд 29:35, полувреме 14:18.
Најефикасен во редовите на Охрид бешеЈотиќ со 7 гола, Ојлески и Јукиќ постигнаа по 5.
Статистика ГРК Охрид: Чаневски, Ојлески 5, Андоновски, Матсуока 1, Јукиќ 5, Ристевски, Шафранко 4, Јотиќ 7, Кукоски, Крстевски, Пешиќ 5, Кукуловски 2, Орјоникидѕе 1, Винисиус 1, Цирар 4, Ѓорѓески.
Во следното коло идниот викенд Охрид го пречекува шампионот Еурофарм Пелистер.
Г.М.