ГРК Охрид ќе му се спротистави на Вардар денеска во Скопје со комбинирана екипа составена од млади сили и неколкумина искусни играчи. Средбата се игра во салата „Јане Сандански“ во Скопје во 16:30ч. Одлуката е донесена поради важноста на претстојниот меч со Тиквеш, кој на програмата е веќе во сабота, 15 април, а кој директно ќе одлучува за 4 место на табелата кое ги отвора вратите за настап во Европа.
ГРК Охрид максимално се подготвува за натпреварот на сезоната. Атмосферата во екипата е одлична, а здравствениот билтен добар.
Продажбата на карти за натпреварот ГРК – Охрид – ГРК Тиквеш е во тек и се одвива на добро познатите локации, во чаршијата во близина на Летница кај Аждер и на билетарата на спортската сала „Билјанини извори“.
Крсте Андоновски гостин во емисијата Спорт+
По 9 одиграни кола Тиквеш е четврти со 11 бода, два повеќе од Охрид кој е на петтото место со 9 бода. До крајот на првенството, покрај меѓусебниот дуел, Охрид и Тиквеш ќе имаат по две гостувања и два домашни натпревара.
Натпреварот ГРК Охрид – ГРК Тиквеш во сабота, на барање на РФМ, се поместува за половина час и ќе се игра со почеток во 17:30 часот.
Г.М.