Во ракометната Супер лига викендов се игра 3-то плеј-оф коло. ГРК Охрид гостува во Битола каде денеска од 18 часот ќе се сретне со актуелниот првак Еурофарм Пелистер.

Охрид максималнио мотивирано влегува во натпреварот против фаворитот кој во меѓувреме неуспешно одработи уште едно коло во европакста Лига на шампиони каде беше поразен од Кил. „Гладијаторите“ се свесни за силата на противникот, но најавија максимална пожртвуваност во борбата за бодови.

Охрид и Пелистер се непоразени во разигрувањето кое станува се поинтересно, дотолку повеќе што амбициозниот Тиквеш синоќа во Кавадарци го совлада ослабениот Вардар, што ја прави трката за титулата и местата кои водат во Европа уште понеизвесна.

Г.М.