Во рамки на А групата од ракометната Супер лига, денеска во салата „Билјанини извори“ во Охрид, ќе се одигра дерби натпреварот помеѓу ГРК Охрид (3) и РК Алкалоид (2).
Ова е втора средба на овие екипи сезонава. Во првиот дел, во Скопје, Алкалоид славеше 24:22.
Ракометарите на ГРК Охрид со доза на оптимизам влегуваат во дуелот со Алкалоид, кој го предводи Кире Лазаров. Се очекува голема борба, а нијанси во двата правци од играта ќе го одлучат победникот. Во домашниот тим веруваат дека тие овој пат ќе бидат на страната на Охрид.
Натпреварот од 10 коло помеѓу Охрид и Алкалоид почнува во 16 часот.
Г.М.