Кошаркарите на АВ Охрид со пораз ги завршија мечевите во СРЦ Билјанини Извори за оваа сезона, откако изгубија од Гостивар 85-78 (22-23, 17-20, 32-14, 14-21) во деветтата рунда од Супер лигата.
„Галебите“ во третиот квартал одиграа далеку под своите можности, а гостиварчани токму во таа четвртина ја направија клучната разлика за победа.
Охриѓани првата четвртина ја добија со тесни 23-22, во втората предноста ја зголемија за 3 поени, откако им припадна со 20-17 за плус четири на полувремето.
Гостиварчани целосен пресврт направија во третата четвртина во која постигнаа 32 поени, а примија само 14 за водство (71-57).
Во решавачките десет минути охриѓани успеаја да ја спуштат негативата под десет поени, но не и да направат комплетен пресврт.
За охридските кошаркари ова е седми пораз во Супер лигата, додека Гостивар стигна до 16-та победа вкупно сезонава.
Во гостинскиот состав најпрецизен беше Сегариќ со 20 поени, а кај домаќините Рос Кенет уфрли 24 кошеви.
Во последната рунда АВ Охрид гостува кај МЗТ Скопје, додека Гостивар го пречекува Куманово.
OhridNews