Екипите на Металург и Радовиш на гостински терен освоија вредни три бодови во осмата рунда од Супер лигата победувајќи ги Прилеп 32-27 односно Борец 32-25.
Избраниците на Лино Червар и против прилепските ракометари го продолжија стопроцетниот ефект во елитата и се вратија на врвот од табелата.
Составот на Радовиш се врати во игра за местата кои водат во плејофот откако го совлада составот на Борец.
Осмата рунда ќе се комплетира со мечевите меѓу Тинекс Пролет – Охрид, Металург 2 – Пелистер, Вардар Јуниор – Работнички.
Ohridnews