ГРК Охрид забележа висока победа во 12 коло од Супер лигата. Попладнево во салата „Билјанини извори“ Охрид го совлада Радовиш со 43:21, полувреме 19:08.
Мечот од почеток до крај течеше во еден правец. Охрид постојано ја зголемуваше предноста, за убедливи +22 на крајот.
Тренерот Алушовски шанса на натпреварот им даде на помладите играчи и резервистите кои одлично ја искористија укажаната можност. Костов и Шипинкоски постигнаа по 7 гола, Андоновски и Бојаниќ броеја до 6. На спротибната страна Петров, Јанковски и Соколов постигнаа по три гола.
Статистика ГРК Охрид: К. Андоновски 6, Мацуока 3, Јукиќ, Костов 7, Шипинкоски 7, Ристевски, Н. Ристески 4, Сафранко, Јотиќ 2, Крстевски 1, Пешиќ 4, Кукуловски 3, Бојаниќ 6, Цирар, Ѓорѓевски.
Во следното коло Охрид му гостува на Бутел во Скопје.
Г.М.
Фото: Бобан Стојаноски