Ракометарите на Борец од Велес се претпоследен ривал на охридските „гладијатори“ на гостински терен за есенската полусезона во Супер лигата.


Пулените на Горан Андоновски ќе имаат голема обврска и задача во Велес против Борец да го зачуваат врвот на табелата, а тоа можат да го направат со победа или пак реми.

Охриѓани сезонава во двете гостувања во Битола останаа без целиот плен, ремизирајќи со Пелистер и губејќи од Еурофарм, а другите гостински терени се враќаа со „полна капа“.

Двојки: Еурофарм – Прилеп, Пелистер – Пролет, Вардар Јуниор – Радовиш, Металург 2 – Работнички, Борец – Охрид.

Табела: Охрид 25, Еурофарм Работник 22, Пелистер 22 (-1), Пролет 19, Прилеп 16 (-2), Радовиш 16, Борец 14, Металург 2 14 (-1), Вардар Јуниор 5, Работнички 0.

OhridNews