Битолскиот суперлигаш Пелистер изненадувачки на гостински терен со 32-26 го совладаа Тинекс Пролет во петтата рунда од шампионатот.
Ракоматерите на Тинекс Пролет в среда во „Билјанини Извори“ во шестото коло од Супер лигата ќе им бидат противници на охридските ракометари.
Пелистер покажа како, а охриѓани треба да ја пресликаат играта и уште еднаш да ја израдуваат „сината“ армија навивачи.
Резултати : Радовиш – Работнички 31-28, Преспа – Металург 2 31-36, Зомимак – Прилеп 27-21, Текстилец – Охрид 21-30, Тинекс Пролет – Пелистер 26-32.
Мх.П.