В недела со почеток во 14 часот против тимот на Текстилец охридските ракометари ќе го започнат пролетниот дел од полусезоната во Супер лигата.

Во првата полусезона охриѓани забележаа триумф над штипјани пред своите гледачи со 21-18. Екипата на Текстилец заедно со Охрид до крајот на сезоната и во плеј аутот ќе се борат за опстанок во елитното ракометно друштво.

Мечот во Штип ќе го судат „европските“ судии Ѓорги Начевски и Славе Николов кои се како претплатени да водат натпревари во кои охридските ракометари се дел од нив.

Мх.П.