Со триумфот против Пролет во осмата рунда ракометарите на Охрид срушија нова вкупно трета традиција во Супер лигата.


Сезонава, пулените на охридскиот стратег Горан Андоноски прв пат го совладаа Радовиш во гости, Прилеп дома и Пролет по четири неуспешни обиди.


Победата над „пролетерите“ ги лансираше охриѓани на втората позиција на табелата во елитното друштво и само чудо може да ги спречи од пласман во плејофот. 

„Гладијаторите“ го преслушаа Пролет во Скопје 

Андоновски : Сите заедно пишуваме историја на охридскиот ракомет!

Фото : 24ракомет

Мх.П.