Ракометарите на Охрид на гостувањето во Радовиш против истоимената екипа во 13-та рунда од Супер лигата можат да ги решат сите дилеми околу учесниците во плејофот.
Со победа во салата „25 мај“ охридските ракометари ќе се одлепат на осум бодови и ќе го отпишат Радовиш кој е единствен конкурент за „големата четворка“.
„Гладијаторите“ после поразот од Еурофарм Работник на домашен терен паузираа една рунда и имаа можност да ги консолидираат своите редови и да ги склопат коцките за победа во Радовиш во сабота во 18 часот.
Двојки: Радовиш – Охрид, Пролет – Вардар Јуниор, Борец – Пелистер.
Табела: Пелистер 33, Еурофарм Работник 25 (-1), Пролет 22 (-1), Охрид 19 (-2), Радовиш 14 (-1), Прилеп 13 (-1), Борец 10 (-2), Металург 7, Вардар Јуниор 3.
OhridNews