Трите бодови освоени на дербито со Радовиш одново ги лансираше охриѓани меѓу водечките на табелата во Супер лигата.

Пулените на охридскиот стратег Горан Андоновски се наоѓаат на третата позиција со седум бодови од четири натпревари.

Со исто толку бодови на четвртата позиција е екипата на Прилеп, со која Охрид ремизираше во премиерниот натпревар од новата сезона.

Лидер на табелата е струмички Зомимак со учинок четири од четири, а второпласиран е Металург со девет бодови.

Табела : Зомимак 12, Металург 2 9, Охрид 7, Прилеп 7, Тинекс Пролет 6, Радовиш 6, Работнички 6, Преспа 3, Пелистер 3,  Тексилец 0.

Мх.П.