Разочарувачкото реми со Работнички во „Билјанини Извори“ охридските ракометари ги чинеше пад од една позиција на табелата во Супер лигата.
Со 14 освоени бодови во девет натпревари „сините“ се наоѓаат на петтата позиција или едно место подолу од крајната цел на клубот сезонава.
Првите четири пласирани екипи на табелата во Супер лигата заедно со Металург и Вардар ќе разигруваат за титулата, додека останатите шест ќе се борат за опстанок.
Но, резултатот и играта како на дуелот со Работнички не се совпаѓаат со амбициите на охридскиот состав.
Резултати : Радовиш – Металург 2 26-33, Тинекс Пролет – Преспа 34-19, Пелистер – Прилеп 27-26, Текстилец – Зомимак 20-35, Охрид – Работнички 22-22.
Табела : Зомимак 27, Металург 2 21, Прилеп 16, Тинекс Пролет 15, Охрид 14, Радовиш 12, Пелистер 12, Работнички 10, Преспа 6 и Текстилец 0.
Мх.П.