Ракометарите на Охрид во петтата рунда од Супер лигата ќе го одиграат првиот натпревар на домашен терен. Противник на „гладијаторите“ на премиерата пред охридската публика е тимот на Пелистер.
Со одложувањето на мечот со Металург пред недела дена се одложи и преставување на охридските сини во „Билјанини Извори“, но како што велат охридските ракометари чекањето заврши.
– Со нетрпение го очекувавме првиот натпревар пред нашата верна публука. Имавме одлична најава за овој дуел со триумфот против Радовиш во гости. Победата ни е голем императив и за тоа се подготвуваме. И нашиот противник ќе атакува на бодовите што овој меч ќе го направи доста интересен. – рече охридскиот стратег Горан Андоновски.
Натпреварот против Пелистер во „Билјанини Извори“ се игра во 19 часот, а цената на билетите изнесува 30 денари.
Мх.П.