Екипите на Охрид и Еурофарм Работник се изедначија на врвот од табелата по одигрувањето на мечевите од 12-та рунда во Супер лигата.


Есенскиот шампион, Охрид и амбициозниот состав, Еурофарм Работник имаа различен скор во натпреварите на гостински односно домашен терен.

Охриѓани претрпеа пораз (30-28) во Велес од Борец во финишот од мечот додека „фармацевтите“ со 35-32 го совладаа Прилеп во пелагониското дерби.

Ракометната елита во Македонија во името на Пелистер може да добие нов лидер, ако битолските „зелено бели“ ги добијат одложените мечеви со Пролет и Прилеп.

Резултати: Борец – Охрид 30-28, Еурофарм Работник – Прилеп 35-32, Металург 2 – Работнички 33-21, Пелистер – Пролет, Вардар Јуниор – Радовиш 24-22.

Табела: Еурофарм Работник 25, Охрид 25, Пелистер 22 (-2), Пролет 19 (-1), Металург 2 18, Борец 17, Прилеп 17 (-1), Радовиш 16, Вардар Јуниор 6, Работнички 0.

Двојки 13.коло: Радовиш – Пелистер, Пролет – Прилеп, Борец – Еурофарм Работник, Работнички – Вардар Јуниор, Охрид – Металург 2.

Ohridnews