Одложените натпревари од 13-та рунда во плејофот од Супер лигата поради трагичната смрт на охридскиот голман Никола Даниловски ќе се одиграат денес и утре.

Денеска, на мегдан ќе излезат екипите на Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2, Металург – Бутел Скопје, Пролет – Вардар.

Претпоследната рунда ќе се комплетира утре, со „езерското“ дерби помеѓу Охрид и Струга, во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти.

Погребот на Никола Даниловски е денеска во 11 часот на градските гробишта Бутел во Скопје. Даниловски мртов беше пронајден во петокот во водите на Охридското езеро.

OhridNews