В сабота со почеток во 19 часот ракометарите на Охрид пред своите гледачи во десеттата рунда од Супер лигата силите ќе ги одмерат со втората екипа на Металург.


Охриѓани по подолго време ќе имат лесен противник по неколкуте дерби пресметки во ракометната елита.

Натпреварот со Металург 2 ќе биде шанса за помладите ракометари на Охрид кои ќе добијат шанса за настап и за оние играчите со помала минутажа во текот на сезоната.

„Гладијаторите“ со осум победи во десет натпревари се наоѓаат зад водечкиот Металург кој има стопроцентен ефект во Супер лигата.

Двојки (10.коло) : Охрид – Металург 2, Работнички – Металург, Вардар Јуниор – Радовиш, Прилеп – Борец, Пролет – Пелистер

Табела : Металург 30, Охрид 24, Работнички 21, Прилеп 18, Вардар Ј. 15, Радовиш 15, Пелистер 9, Пролет 9, Борец 7, Металург 2 1.

Мх.П.