Ракометната Супер лига викендов продолжува со натпреварите од 8 коло. Дерби пресметка ќе има во салата „Билјанини извори“, каде вечерва се среќаваат ГРК Охрид и Бутел.
Скопјани се големи должници на Охрид, кој во неизвесен финиш загуби речиси добиен меч во првото коло на гости (24:23).
Во редовите на ГРК Охрид владее оптимизам пред средбата со Бутел. Се размислува само на победа, која е од исклучително значење, бидејќи сега започнува битката за пренесување бодови во плеј-офот, во кој извесно e дека ќе се најдат двата противници.
Натпреварот почнува во 18:30 часот.
OhridNews