Ракометниот клуб Струга, изби во пол позиција за третoто место во групата А, кое води во плејофот од Супер лигата, победувајќи на гостински терен кај Голден Арт КЛ7 со 28-23.

Стружани одиграа најдобро кога беше најпотребно и го добија дуелот со директниот ривал за третата позиција на табелата. Квалитетот, а пред се искуството, стружани го валоризираа уште во првите 30 минути, кога обезбедија водство од пет погодоци 13-8. До крајот, разликата на семафорот остана иста и Струга забележа триумф со кој направија чекор напред кон плејофот.

Победничката серија ја продолжи и Охрид. „Гладијаторите“ во дербито на колото со 24-19 го совладаа скопски Пролет и го задржаа максималниот ефект во Супер лигата.

Победата на Струга во Скопје и на Охрид на домашен терен против Пролет е супер најава за „Езерското“ дерби, кое ќе се одигра в петок во рамките од 15-та рунда во Супер лигата.

Табела: Охрид 27, Пролет 18, Струга 16, Голден Арт КЛ7 13, Раводиш 9, Јуниор КВ 3, Астраион 3

OhridNews

 

Бодовите останаа во Охрид, „гладијаторите“ во дербито на колото го совладаа Пролет