ГРК Охрид забележа пораз од Алкалоид во дерби натпреварот од 2 коло во Супер лигата. Вечерва, во убав амбиент во салата „Билјанини извори“, вицепрвакот на Македонија славеше 22:28, полувреме 10:16.

Охрид лошо го отвори мечот дозволувајќи му на противникот да поведе 0:5. На првиот гол на домаќините Алкалоид возврати со иста мера за 1:6, по што почна будењето на Охрид. Предноста на скопјани почна да се топи а „гладијаторите“ стигнаа до егал 7:7. Следеше период на рамноправна игра, по што Алкалоид со нова серија обезбеди осетна предност на полувреме 10:16, што се покажа клучно за исходот на натпреварот.

Во вториот дел Охрид не успеа да ја консолидира играта, а Алкалоид со рутинска игра стигна до заслужена победа.

Најефикасни во редовите на Охрид беа Цирар со 6 и Шешиќ со 5 гола, а на спротибната страна Митев постигна 9.

Статистика: 

ГРК Охрид: Бркиќ, Ѓорѓески, Ојлески 1, Стоилевски, Дрогришки 1, Шипинкоски, Д. Андоновски, Ристевски, Тасески 2, Сафранко, Кукоски, Крстевски, Шешиќ 5, Орјоникидѕе 3, Бојаниќ 4, Цирар 6.
Исклучувања: 2 мин.
7м: 5:2

РК Алкалоид: Џонов, Маркоски, Младеновиќ 3, Серафимов 5, Стојчевиќ, Стојковиќ, Митев 9, Ѓорѓиев 2, Галевски, Велковски 2, Омерагиќ, Трајковски, Арнаут 2, Кофиловски, Петковски 2, Савревски 3.
7м: 4/2
Исклучувања: 4 мин.

За Алкалоид ова е втора победа сезонава, а Охрид е на скор 1:1.

Дербито на Супер лигата во „Билјанини извори“ за Алкалоид

 

Г.М.
Фото: Бобан Стојаноски