Хрватскиот ракометар во редовите на Охрид, Денис Тот е дел од идеалниот тим во 14-та рунда од Супер лигата во изборот кој го прави специјализираниот интернет портал за ракомет „24ракомет.мк“. Интернационалецот во Охрид постигна четири погодоци и беше еден од ракометарите кои го „скршија“ отпорот на младите „вардарци“.

Од Хрватот многу се очекуваше пред стартот на сезоната, а со игрите негови и резултатите на клупски план очекувањата се исполнија. Индивидуалните награди кои се чести за Тот и останатите охридски ракометари се само потврда за квалитетот во и на охридскиот состав.

Друштво на Тот во идеалниот тим му прават голманот Славјан Паунов (Радовиш), левото крило од Металург Дарко Кондев, средниот бек од Металург Михајло Младеновиќ, средниот бек од Пролет Ласко Андоновски, десното крило Мартин Димов од Бутел и пивотменот Михаил Аларов (Пролет).

Гласот за Тот во изборот на најдобриот ракометар можете да го дадете на следниов линк тука.

OhridNews