Во четвртата рунда од Супер лигата домаќините не оставија ниту трошки за гоститите победувајќи на сите четири натпревари.

Триумф на домашен терен славеа Металург 2, Пелистер, Охрид и Прилеп совладувајќи ги Пролет, Текстилец, Радовиш односно Преспа.

Четвртата рунда ќе се комплетира со натпреварот меѓу Работнички и струмички Зомимак.

Резултати : Металург 2 – Пролет 27-20, Пелистер – Текстилец 38-24, Охрид 2013 – Радовиш 27-26, Прилеп 2010 – Преспа 31-20.

Мх.П.