Трите порази во серија ги вратија чекор назад охридските сини на табелата во Супер лигата. Оваа „црна“ низа започна од Радовиш, Зомимак ја продолжи во Охрид, а трет пораз во серија охриѓани претрпеа од Металург Јуниор што им се одрази со пад на табелата.
По одигрување на првата полусезона од првата фаза избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски имаат десет бодови и тоа сите освоени на домашен терен и се наоѓаат на седмата позиција.
Натпреварите надвор од својата престолнина преставуваат проблем за охридските ракометари на кој немаат освоено ниту еден бод. Можност за прекинување на гостинскиот пост охриѓани ќе имаат против фенерџијата Преспа во првиот натпревар од втората фаза во Супер лигата.
Мх.П.