Ракометарите на Еурофарм Работник направија чекор назад во трката со Охрид и Пелистер за првата позиција на табелата во Супер лигата.
„Фармацевтите“ претрпеа пораз од тимот на Борец (33-31) во Велес, додека Охрид и Пелистер славеа победи над Металург 2 (38-26) односно Радовиш (28-22).
Значајни бодови за плејоф местата на табелата освои Прилеп кој со 30-27 го совлада Пролет во Скопје.
Во дербито на дното Вардар Јуниор со 28-24 го победи Работнички и ја забележа третата победа сезонава.
Резултати: Борец – Еурофарм Работник 33-31, Охрид – Металург 2 38-26, Радовиш – Пелистер 22-28, Пролет – Прилеп 27-30, Работнички – Вардар 24-28.
Табела: Охрид 28, Пелистер 28, Еурофарм Работник, Борец 20, Прилеп 20, Пролет 19, Металург 2, Радовиш 16, Вардар 11, Работнички 0.
OhridNews