Денес и утре, во разигрувањето за титулата во ракометната Супер лига на програмата се мечевите од третата рунда.

Завесата во третата рунда ќе ја кренат Бутел Скопје и Струга, кои силите ќе ги одмерат денеска во 18 часот, во спортската сала „Антон Димитров“.

Главните возбудувања се резервирани за в сабота кога ракометните сладокусци на менито ќе го имаат големото дерби Вардар – Пелистер, кое сезонава ќе одлучува за титулата. Дербито се игра в сабота во 17 часот. Мечот од „Јане Сандански“ ќе биде емитуван во живот на МТВ 1.

В сабота на мегдан ќе излезат Пролет – Охрид односно Металург – Еурофарм Пелистер 2. Охриѓани во дербито со Пролет ќе атакуваат на првите бодови.

  • Двојки и судии:

Бутел Скопје – Струга (Димитар Митревски-Благојче Тодоровски/Битола)

Вардар – Пелистер (Славе Николов-Ѓорѓи Начевски/Скопје)

Пролет – Охрид (Глигор Ќаев – Спаско Ќаев/Скопје)

Металург – Еурофарм Пелистер 2 (Ѓоко Колевски-Сашо Кркачев/Скопје)

OhridNews