Второпласираниот тим на табелата во Супер лигата, Блокотехна гостува во Охрид во рамките од третата рунда во елитната кошаркарска лига во нашата земја.

После победата во Куманово пораснаа апетитите на охридските кошаркари, кои, после подолго време имаа недела дена одмор. „Галебите“ од вчера тренираат со полн интензитет и најавуваат борба до последниот здив на теренот во „Билјанини Извори“.

Блокотехна се соочува со мали проблеми пред гостувањето во Охрид, откако на дуелот со МЗТ Скопје кој го загубија се повреди најдобриот кошаркар Бенџамин. Интернационалец ќе биде во трка со времето и до крај неговиот настап ќе биде неизвесен.

Мечот се игра во среда со почеток во 18 часот, а Ohrid News на својот ју-тјуб канал ќе емитува пренос во живо.

OhridNews