Екипата на Пелистер со новиот тренер Ристо Костадиновски ќе допатува во Охрид на мегдан со домашниот состав во 11-то коло од ракометната Супер лига.

Покрај солидните резултати сезонава новата управа на битолскиот суперлигаш се одлучи за промени, а тргна од тренерската позиција.

Иако Костадиновски го предводеше Пелистер на мечот со Тинекс Пролет официјално деби ќе има в сабота против Охрид во „Билјанини Извори“.

По десет одиграни натпревари битолските ракометари се наоѓаат на третата позиција, а новите луѓе во клубот најавуваат будење на македонскиот ракометен гигант.

Мх.П.