Екипата на Алкалоид има водство 15:12 на полувреме од натпреварот со Охрид, што се игра во рамки на 9 коло од групата А во Супер лигата.
Двете екипи имаа свои моменти, но и падови. Се играше израмнето, а голманите на двата тима беа на висина на задачата. Во една таква игра брзоплетоста на Охрид во финишот на првиот дел го чинеше -3 разлика, која „гладијаторите“ ќе се обидат да ја анулираат во второто полувреме.
Во првиот дел од сезоната Алкалоид славеше во Охрид и е единствена екипа со максимален учинок во А групата.
Алкалоид има + 3 на полувреме во натпреварот со Охрид
Г.М.
Фото: А. Момироска