Спортската сала „Борис Трајковски“ ќе биде домаќин на Супер купот на Македонија во ракомет, а не охридската арена „Билјанини Извори“, како што беше најавено претходно.
До промена на салата домаќин дошло откако во „Борис Трајковски“ заврши вакцинацијата на поголем од граѓаните од Скопје и регионот и салата ќе биде вратена во функција за спортистите.
Терминот на одигрување на Супер купот на Македонија во ракомет е 11 август, а силите ќе ги одмерат вечните ривали Вардар – Еурофарм Пелистер.
Во претходните три изданија на Супер купот на Македонија триумфираше Вардар. „Црвено црните“ два пати беа подобри од Металург, а еднаш од битолски ривал.
OhridNews