Арсенал се специјализира за куп трофеите во Англија. Топчиите од Лондон, вечерва, во финалето на Комјунити шилдс купот, во кој се среќаваат шампионот од Премиер лигата и освојувачот на ФА купот, го совлада првакот Ливерпул по изведување на пенали 5:4.

На Вембли по 90 минути игра немаше победник. Арсенал поведе во 12 минута со прекрасен гол на Обамејанг, а Ливерпул израмни во 73 минута преку резервистот Минамино за конечни 1:1. Се пристапи директно кон  изведување на пенали. Сите 5 фудбалери на Арсенал беа прецизни, а кај Ливерпул младиот Бревстер ја погоди пречката, што му пресуди на англискиот првак.

За Арсенал ова е 16 титула во супер купот на Англија, Ливерпул има една помалку.

Новото првенство во Премиер лигата почнува на 9 септември.

Г.М.