Новата сезона во елитниот англиски фудбал ќе започне на 29 август со натпреварот од Супер купот на Англија, познат како „Комјунити Шилд“.

Во Супер купот на Англија се среќаваат шампионот од Премиер лигата и освојувачот на трофејот во ФА Купот.

Сигурен патник на „Вембли“ е Ливерпул кој триумфираше во Премиер лигата. Противник на „црвените“ ќе биде Челси или Арсенал, кои играат во финалето во ФА Купот.

Финалниот натпревар на „Вембли“ ќе биде најава за премиерлигашките возбудувања кои ќе стартуваат на 12 септември.

OhridNews