Вечерва, недела, во салата „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одигра ракометниот Супер куп во кој се среќаваат големите ривали Вардар и Еурофарм Пелистер.

Организатор на средбата е Ракометната федерација во соработка со ГРК Охрид.

Двата клуба добија подеднаков број на влезници, а дел беа пуштени во слободна продажба. Како што информираат организаторите за натпреварот останати се уште мал број влезници кои можат да се набават на билетарата во спортската сала „Билјанини извори“ по цена од 200 денари.

Супер купот се игра од 20 часот, a вратите на салата „Билјанини извори“ се затвораат во 19:30 часот.

Титулата во Супер купот ја брани Еурофарм Пелистер кој беше подобар од Вардар во минатогодишната пресметка во Скопје.

OhridNews