Со три натпревари синоќа започна осминафиналната разврска на турнирот во мал фудбал во Велгошти.

Први на терен истрчаа екипите на Македонија и Форт кафе 0:2. Во вториот меч Бел Мерцедес славече со 5:1 над Глобал линк шпед, а највозбудлово беше на мечот помеѓу Бомбаши и АСП ПАК. Во регуларниот дел натпреварот заврши 2:2, а по изведувањето на пенали АСП ПАК обезбеди пласман во четвртфиналето со 3:0.

Резултати 1/8 финале, недела, 28 јули
Македонија – Форт кафе 0:2
21:30ч Глобал линк шпед – Бел Мерцедес 1:5
Асп Пак – Бомбаши 2:2 (3:0п.)

Осминафиналето на турнирот продолжува вечерва со три средби.

1/8 финале 29 јули, понеделник

20:30ч Дооел Ноче – Тераса Деспина
21:30ч Вила Мина – Сквер кафе Ресен
22:30ч Ресторан Станица и Викса Пром – Др. Баткоски

Г.М.