Момче од Самерсет законски си го променило името во титула со која би се гордеел секој суперхерој.

Студентот го променил името преку интернет, а целата процедура го чинела само 10 фунти.

Од сега тој службено се вика “Captain Fantastic Faster Than Superman Spiderman Batman Wolverine Hulk And The Flash Combined. “


Пред тоа се викал Џорџ Герет, а сега е сопственик на најдолгото име на светот.

„Сакав името да биде единствено. Се одлучив за темата суперхерој.“, изјавило момчето.


Тој открива дека мисли дека новото име му е супер, а неговата баба повеќе не разговара со него.